Иван Ракитиќ најверојатно ја игра последната сезона во Барселона, а шпанските медиуми најавуваат дека на лето би можел да се пресели во Мадрид.
„Кадена Сер“ пренесува дека Хрватот е најголемата трансфер цел на Атлетико Мадрид и дека „јорганџиите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ракитиќ отворено изјави дека не бил задоволен од минутажата која ја добиваше кај Валверде и дека размислувал да си замине во јануари, а тоа најверојатно ќе се случи по завршувањето на сезоната.
Барселона на лето ќе има последна шанса да заработи на неговото заминување, и нема да има против да го продаде плејмејкерот на големиот ривал од Мадрид.
Интерес за Ракитиќ покажуваат и италијанските клубови, но Хрватот преферира да остане во Шпанија поради своето семејство.