Дома Топ вести Клуб од Бундеслигата потрошил најмногу во јануарскиот преоден рок

Клуб од Бундеслигата потрошил најмногу во јануарскиот преоден рок

Зимскиот преоден рок во најсилните лиги во Европа заврши минатата недела, а најбогатите клубови на Стариот континент беа релативно мирни.

Списокот од петте клуба што потрошија најмногу пари е полн со изненадувања, а интересно најмногу на нови играчи вложил клуб од Бундеслигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, берлинска Херта потроши 78 милиони евра на нови играчи. Пристигнаа Пјонтек од Милан (27 милиони), Тусарт од Лион (25 милиони), Куња од Лајпциг (15 милиони) и Аскачибар од Штутгарт (11 милиони).

Следен на листата е Наполи. Клубот од Серија А уште сега завршија неколку трансфери за на лето. Андреа Петања и Рахмани ќе пристигнат по крајот на сезоната, а сега на екипата се приклучија Лоботка, Деме и Политано. Тоа Наполитанците ги чинеше 65.5 милиони евра.

Монако има инвестирано 65 милиони евра на неколку исклучително талентирани фудбалери. Во редовите на Кнезовите се приклучија: Тчуамени, Јусуф Фофана, Марселин, Павловиќ и Мајечки. Последните двајца ќе останат во Партизан и во Легија до крајот на сезоната.

Четврти на списокот е Манчестер Јунајтед, кој потроши 55 милиони евра на само еден играч. По многу обиди, Бруно Фернандес конечно им се придружи на „Црвените ѓаволи“. Игало пристигна на „Олд Трафорд“, но се работи за позајмица.

Меѓу петте екипи кои најмногу потрошиле во текот на зимата е и фенерџијата во Ла Лига. Еспањол во јануари потроши 40.5 милиони евра со намера да остане во друштво на најдобрите. Пристигнаа Раул де Томас од Бенфика (20 милиони), Ембарба од Рајо Ваљекано (10 милиони), Каврера од Гетафе (9 милиони) и голманот Олазабал (1.5 милииони).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницат…