Тотенхем го совлада Манчестер Сити со 2:0 во рамните на 25-то коло од Премиер лигата.
Манчестер Сити подобро го отвори натпреварот и имаше повеќе шанси да дојде до водство. Агуеро ја погоди стативата во 28-та минута, а десет минути подоцна ВАР досуди пенал за „граѓаните“. Меѓутоа, Уго Лорис го одбрани ударот на Гундоган.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Во второто полувреме работите тргнаа лошо за „граѓаните“. Најпрво Зинченко беше исклучен поради втор жолт картон, па неколку минути подоцна, новото засилување Бергвајн го донесе Тотенхем во водство.
Конечните 2:0 ги постави Сон, за голема победа на Тотенхем.