Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид го претстави новото засилување, 16-годишниот бразилски „виндеркинд“ Винисиус Џуниор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал за талентираниот напаѓач, кого го нарекуваат новиот Нејмар на Фламенго му плати неверојатни 45 милиони евра.
Винисиус ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ во јули 2019 година кога ќе стане полнолетен, а до тогаш ќе игра како позајмен фудбалер во Фламенго.
Според наводите на бразилските медиуми „кралскиот“ клуб веднаш ќе плати 30 милиони евра, а преостанатите 15 во три годишни рати по пет милиони евра.
Голем интерес за младиот Бразилец покажаа и англиските клубови Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Сити како и Јувентус, но Реал успеа да ја победи конкуренцијата.