Дома Фудбал Италија Супер Лацио го торпедираше СПАЛ, Милан ремизираше со Верона (ВИДЕО)

Супер Лацио го торпедираше СПАЛ, Милан ремизираше со Верона (ВИДЕО)

Во терминот од 15:00 часот се одиграа три натпревари во италијанската Серија А.

Милан на свој терен одигра 1:1 против едно на од најпријатните изненадувања сезонава во Италија, Верона. Верона беше таа која прва стигна до предност преку Фараони во 13. минута од натпревар, за после половина час Чалханолгу да изедначи на 1:1. Во вториот дел во 68. минута Верона остана и со играч помалку бидејќи црвен картон заработи Амрабат, меѓутоа Милан не го искористи тоа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лацио ја продолжи одличната форма и денес го торпедираше СПАЛ со убедливи 5:1. Имобиле отвори уште во 3.минута, Каиседо во 16.минута зголеми на 2.0, а Имобиле во 29. Со својот втор гол се погрижи за 3:0. Втор гол до крајот на првиот дел постигна и Каиседо за високи 4:0 после 45 минути игра. Абдеканје во второто полувреме го замени Каиседо и десетина минути подоцна постигна гол за 5:0. Почесниот гол за СПАЛ беше дело на Мисироли.

Одличен натпревар одиграа Аталанта и Џенова, поточно одлично едно полувреме. На овој натпревар видовме четири гола, по два на двете страни и тоа сите во првите 45 минути. Горан Пандев за Џенова овој натпревар го проследи од клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул и Тотенхем влегуваат во битка за потписот на фудбалерот кој ја воодушеви Англија!

Крилниот напаѓач на Борнмут и репрезентативец на Гана, Антоан Семењоо, привлекува внимание…