Дома Фудбал Сетиен бил последна оцпија, пет тренери ја одбиле Барселона?

Сетиен бил последна оцпија, пет тренери ја одбиле Барселона?

Кике Сетиен неодамна беше именуван за тренер на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот 61 годишен стратег на клупата на Барселона дојде на местото на Ернесто Валверде, но тој не бил прв избор на раководството на Барселона.

Шпанскиот АС денес објави дека Сетиен бил последно решение за клупата на Барселона, а претходно работата била понудена на петмина други тренери.

Раководството на каталонскиот клуб разговарало со Чави кој беше најблиску, потоа со Роналдо Куман, Макс Алегри, Маурисио Покетино и Гарсија Пиемент.

Меѓутоа ниту еден од нив не ја прифатил понудата, па на крај работата била понудена на Сетиен. Тој се согласил да дојде, но имал услов за договор до 2022 година и тој услов во Барселона го прифатиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…