Лука Дончиќ втора сезона игра одлично во НБА лигата, но сега Словенецот се повреди и тоа во лош момент.
Ѕвездата на Далас се повреди на само две недели пред Ол-Стар натпреварот на кој треба да дебитира во друштво најдобрите во најдобрата лига. Дончиќ последниот тренинг на Далас го завршил порано поради повреда на десната нога која ја добил во судар со свој соиграч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мавси веднаш објавија дека Дончиќ нема да патува на тексашкото дерби со Хјустон кое го играат вечера и дека детали за неговата повреда ќе се знаат денес кога ќе му биде направена магнетна резонанца. Тренерот Рик Карлси одби да ја коментира повредата на својот главен играч.