Дома Трансфер зона Во Реал е непотребен, но Интер го доведува за 30 милиони!

Во Реал е непотребен, но Интер го доведува за 30 милиони!

Две години откако го доведоа Бразилецот, Данило за 31.5 милиони фунти управата на Реал Мадрид одлучи да го продаде фудбалерот кој пристигна од Порто.

Данило не се снајде најдобро во шпанскиот гигант, но нема да има проблем во пронаоѓањето нов клуб, а наводно неговиот трансфер е веќе договорен и ќе изнесува 30 милиони евра, таа сума ќе ја плати Интер, тврди новинарот Марио Торехон.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Се очекува трансферот на Данило во редовите на италијанскиот клуб да биде потврден само неколку дена после финалето во Кардиф во кое Реал Мадрид ќе игра против Јувентус.

Според споменатиот новинар Интер со доведувањето на Данило ја реализирал долгогодишната желба бидејќи не успеаа да го доведат во 2011 година кога од Сантос премина во Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…