Дома Трансфер зона Мадрид во еуфорија: Миленикот се враќа дома?!

Мадрид во еуфорија: Миленикот се враќа дома?!

Аргентинецот од редовите на ПСЖ наскоро би можел да го напушти клубот од Париз.

Анхел Ди Мариа пред две години пристигна во ПСЖ како големо засилување од Манчестер Јунајтед, но веќе неколку месеци се шпекулира дека Аргентинецот би можел да го напушти Париз.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ди Мариа призна дека има неколку понуди, но сеуште не ја донел конечната одлука, дали ќе го напушти францускиот клуб.

Меѓутоа, медиумите во Франција денес пренесуваат дека пристигнала понуда која тој нема да може да ја одбие. Наводно, на изненадување на многумина, Реал Мадрид сака да го врати Аргентинецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Големо изненадување беше и што Реал пред скоро три години го пушти Ди Мариа во Манчестер, но изгледа Аргентинецот ќе има шанса повторно да му се оствари желбата да се врати во дресот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…