Кике Сетиен пред две недели беше избран за нов тренер на Барселона, но каталонскиот „Спорт“ пренесува дека многу играчи не веруваат во методите на новито тренер и се сомневаат дека Сетиен ќе успее на клупата на Барселона.
Работите не се одвиваат добро за Кике Сетиен, особено откако Барселона беше поразена од Валенсија (2-0) изминатиот викенд. Каталонските медиуми пишуваат дека ситуацијата во тимот не е добра, и дека на многу играчи не им се допаѓа што Сетиен направи многу промени. Тие имаат далеку помалку слободни денови и не треба да пропуштаат тренинзи дури и во случај на спонзорски обврски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Играчите сакаат што побрзо да ги сфатат неговите идеи, но во овој момент се многу загрижени, свесни дека тоа не е прашање на денови. А тие знаат најдобро колку времето е важно во фудбалот. Се наоѓаме на средина од сезоната и клубот доживеа многу промени“, пренесува „Спорт“ извор од соблекувалната.
Некои од играчите признаа дека нивните нови улоги во тимот не им биле многу јасни и дека Сетиен не можел да ги претстави своите идеи на најдобар можен начин. Колку трпеливост ќе имаат лидерите на Барселона со него, останува да се види.