Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ носеше патики во чест на Коби: Ова беше најтешкиот натпревар кој сум го играл (ФОТО)

Дончиќ носеше патики во чест на Коби: Ова беше најтешкиот натпревар кој сум го играл (ФОТО)

Далас Маверикс на гости славеше против Оклахома со 97:107, а повторно најдобар на паркетот беше Лука Дончиќ.

Дончиќ на овој натпревар постигна 29 поени и додаде 11 скокови и 5 асистенции иако не беше премногу фокусиран на натпреварот. Словенецот многу го погоди смртта на Коби Брајант кој настрада во неделата во пад на хеликоптер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Словенецот носеше патики на кои беа испишани имињата на Коби и неговата ќерка, но исто така потсети и на останатите жртви во несреќата. Покрај Брајант и малата Џана во несреќата животот го загубија уште седум лица.

После натпреварот Дончиќ се огласи на социјалните мрежи.

„Ова беше најтешкиот натпревар кој сум го играл. Се уште не верувам. Засекогаш ќе бидеш со нас“, порача Дончиќ со фотографија од патиките кои ги носеше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Тежок пораз на Денвер од Њујорк – не се прослави ниту Никола Јокиќ

Кошаркарите на Денвер загубија на домашен терен од Њујорк со 118:145 и го забележаа четврт…