Дома Фудбал Останато Роналдињо тинејџерот на Арсенал го спореди со бразилскиот Роналдо

Роналдињо тинејџерот на Арсенал го спореди со бразилскиот Роналдо

Арсенал засега игра очајна сезона во Премиер лигата. Светла точка на тимот од „Емирати“ е младиот Габриел Мартинели кој постигнува гол кога и да добие шанса.

18 годишникот кој во Арсенал дојде минатото лето од бразилскиот Итуано за нешто повеќе од шест милиони евра оваа сезона веќе собра 10 голови во дресот на Арсенал и постигнува гол на секои 112 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За младиот фудбалер сега зборуваше легендата на бразилскиот фудбал, Роналдињо.

Роналдињо го спореди Мартинели со големиот Роналдо, бразилскиот.

„Бразилците се многу возбудени поради него и неговата иднина. Една работа е да имате талент, но потоа друга да имате самодоверба на 18 години“, изјави Роналдињо и продолжи:

„Ме потсетува на Роналдо тој во првата сезона во Европа постигна 30 голови и сите се прашуваа: Кое е ова момче од 18 години од Бразил? Ја сакаше топката, одеше на играчите и немаше страв. Таков сличен став гледам и кај Мартинели“, смета Роналдињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…