Дома Останати Кошарка НБА Фиго се прости од Коби со ископиран статус од Роналдо? (ФОТО)

Фиго се прости од Коби со ископиран статус од Роналдо? (ФОТО)

Двајцата Португалци, Кристиано Роналдо и Луис Фиго се помеѓу бројните спортисти и познати личности кои искажаа сочуство и жалење за трагичната смрт на Коби Брајант.

После падот на хеликоптерот Коби заедно со неговата ќерка и уште седум лица го загуби животот. Од него со емотивни статуси се простија Роналдо и Фиго.

Но, објавите на Роналдо и Фиго се издвојуваат од другите затоа што се буквално исто.

Статусот на Роналдо е објавен три часа пред оној на Фиго, па јасно е дека Фиго го ископирал својот сонародник. Сепак, постои можност и иста агенција да се грижи за нивните друштвени мрежи.

Во вакви моменти секако најважна е намерата, меѓутоа дел од јавноста испрати критики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…