Дома Топ вести ГОТОВО: Интер и Тотенхем се договорија, Ериксен утре во Милано

ГОТОВО: Интер и Тотенхем се договорија, Ериксен утре во Милано

Интер и Тотенхем конечно постигнаа договор за трансфер на Кристиан Ериксен, пренесуваат сите еминентни медиуми на Апенините.

Ериксен и Интер од поодамна имаа постигнато договор, па двата клуба водеа преговори за обештетувањето. Тотенхем инсистираше да добие 20 милиони евра и „нероаѕурите“ на крајот ги задоволија барањата на „спарси“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последната понуда од 15 милиони евра во кеш плус 5 милиони во име на бонуси беше прифатена, па Ериксен утре се очекува да пристигне во Милано.

За време на викендот Данецот треба да ги помине рутинските лекарски прегледи, а потоа ќе стави постпис на 4,5 годишен договор со кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…