Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез на „Камп Ноу“ пристигна после три прекрасни години поминати во Ливерпул.
Уругваецот не го заборава своето минато на „Енфилд“ и особено е фасциниран од навивачите на англискиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Суарез беше дел од премиерлигашот од 2011 до 2014 година, и објасни зошто навивачите на Ливерпул ги смета за најдобри во светот.
„Според мене, тие се меѓу најдобрите навивачи на светот поради љубовта која ми ја покажаа за време на целиот мој престој во Ливерпул. Тие ме сакаа и се однесуваат спектакуларно. Поради тоа тие се меѓу најдобрите фанови на светот, за мене тие се најдобри“, истакна Суарез.