Дома Трансфер зона Лампард го „краде“ Вернер пред носот на Клоп

Лампард го „краде“ Вернер пред носот на Клоп

Раководството на Челзи започна преговори со лидерот во Бундеслигата, Лајпциг за трансфер на напаѓачот Тимо Вернер, пренесуваат медиумите на Островот.

„Сините“ сакаат да го донесат Вернер на „Стенфорд Бриџ“ уште во јануари и се спремни да ја победат конкуренцијата на Ливерпул.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп веќе подолго време покажува интерес за својот сонардник, но Ливерпул сака да го донесе Вернер по завршување на сезоната.

Челзи сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе напаѓачот веднаш во Лондон, а за таа цел е спемен да понуди 60 милиони фунти.

Меѓутоа, Лајпциг ќе направи се што е во негова моќ за да ја задржи својата најголема ѕвезда до крајот на сезоната бидејќи тимот има реални шанси да ја освои титулата.

Вернер и оваа сезона игра фантастично и постигна 18 гоал на 17 меча во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…