Дома Трансфер зона Интер ја одби понудата на Јунајтед за Весино

Интер ја одби понудата на Јунајтед за Весино

Раководството на Интер ја одби понудата на Манчестер Јунајтед за позајмица на играчот за врска Матијас Весино, пренесува „Скај Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двата клува се во одлични односи и договорија неколку зделки во последните неколку месеци, така што од Јунајтед во Интер се преселија Лукаку и Ешли Јанг во перманентен трансфер и Санчез на позајмица.

Сега Јунајтед сакаше да го позајми Весино од „нероаѕурите“, кој е на излезна врата бидејќи не добива голема минутажа кај Конте.

Меѓутоа, Интер нема намера да го пушти играчот на позајмица бидејќи сака да го продаде, а во последните денови се отвори можност за трампа со играчот на Наполи, Алан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…