Играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос ова лето се пресели во Арсенал на позајмица, а сега води преговори со „кралевите“ за предвреме да го напушти лондонскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
23-годишниот шпански плејмејкер побара од мадридскиот тим да го раскине договорот за закуп со „топџиите“ пред крајот на сезоната и да му овозможи да пронајде нов клуб во јануари.
На последните четири натпревари Себаљос беше резерва. Во пресрет на Европското првенство 2020, играчот од средниот ред се плаши да не го загуби местото во шпанската репрезентација.
Кај Унаи Емери тој често беше во стартниот тим, но со доаѓањето на Артета работите се променија, па Себаљос сака веднаш да го напушти „Емирати“ и да се врати во Шпанија.