Дома Фудбал Германија Одриазола: Не дојдов во Баерн за да го губам времето!

Одриазола: Не дојдов во Баерн за да го губам времето!

Новото засилување на Баерн Минхен, Алваро Одриазола го изрази своето задоволство за трансферот на „Алијанц Арена“.

24-годишниот десен бек не добиваше голема минутажа во Реал Мадрид, па реши да се пресели во Баерн на позајмица до крајот на сезоната.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сакам да му се заблагодарам на клубот што покажа интерес за мене. Чест и привилегија е да се игра за вака голем клуб како Баерн. Сум го гледал многу пати на телевизија и секогаш мечтаев да играм за овој клуб“, истакна Одриазола.

„Јас сум спремен. Не дојдов тука за да си го губам времето, дојдов да играм. Вистина е дека немав голема минутажа, но добро тренирав и сум комплетно спремен за игра. Веќе мислам за мечот со Шалке и би бил многу среќен ако играм“, додаде Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…