Дома Топ вести Чистка во Баерн Минхен: Кутињо се враќа во Барселона

Чистка во Баерн Минхен: Кутињо се враќа во Барселона

Баерн Минхен на крајот на сезоната спрема голема „листка“ и ќе се ослободат од неколку првотимци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Билд“ ја објави ексклузивната вест и тврди дека Баварците на лето ќе се ослободат од дури осум ѕвезди, а меѓу нив е и Филипе Кутињо.

Бразилецот ова лето пристигна во Баерн на позајмица од Барселона, но Бавраците нема да ја искористат можноста да го откупат неговиот договор.

На негово место Баерн сака да го донесе германскиот репрезентативец и член  на Манчестер Сити, Лерој Сане чиј трансфер ќе изнесува околу 100 милиони евра.

Другата голема трансфер мета на Баварците е Каи Хавертц, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен. 20-годишниот талент веќе има 27 гола и 18 асистенции во Бундеслигата и се смета за иднина на германскиот фудбал.

Покрај Кутињо, на излезна врата од „Алијанц Арена“ се Иван Перишиќ, Мануел Ноер, Жером Боатенг, Хави Мартинез, Томас Милер, Давид Алаба и Тиаго Алкантара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…