Интер и Тотенхем веќе одреден период се во преговори за трансфер на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен.
Икскусниот фудбалер од средниот ред посакува да се пресели на „Меаца“, но од Тотенхем не се задоволни со првичната понуда од осум милиони фунти од страна на Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Интер испратил нова понуда од 11 милиони фунти во која вклучил и бонуси за која се надеваат дека е прифатлива за Тотенхем.
Се поизвесно е дека ќе се случи трансфер на Ериксен во клубот од Милано, останува непозната само сумата која треба да ја плати клубот.