Баерн Минхен на крајот на сезоната спрема голема „листка“ и ќе се ослободат од неколку првотимци.
„Билд“ ја објави ексклузивната вест и тврди дека Баварците на лето ќе се ослободат од дури осум ѕвезди, а меѓу нив е и Филипе Кутињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот ова лето пристигна во Баерн на позајмица од Барселона, но Бавраците нема да ја искористат можноста да го откупат неговиот договор.
На негово место Баерн сака да го донесе германскиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Лерој Сане чиј трансфер ќе изнесува околу 100 милиони евра.
Покрај Кутињо, на излезна врата од „Алијанц Арена“ се Иван Перишиќ, Мануел Ноер, Жером Боатенг, Хави Мартинез, Томас Милер, Давид Алаба и Тиаго Алкантара.
Ivan Perišić is very unlikely to be signed permanently by Bayern. For him the second half of the season is rather about recommending himself to another club, as Inter Milan wanted to sell him last summer [Bild] pic.twitter.com/VBJmvQlEA9
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) January 16, 2020