Дома Фудбал Италија „Елмас требаше прво да игра во тимови како Сасуоло, Џенова или Сампдорија“

„Елмас требаше прво да игра во тимови како Сасуоло, Џенова или Сампдорија“

Поранешниот тренер, а денес стручен коментатор Енрико Феделе смета дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас избрзал со трансферот во Наполи.

Елмас во Наполи пристигна за сума од 16 милиони евра, плус бонуси на барање на Карло Анчелоти кој повеќе не го води Наполи. За Феделе тоа не било паметен потег. Според Феделе потенцијалнот на Елмас не е спорен, но тој смета дека прво македонскиот бисер требало да игра во помали клубови.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Зборувате згрешиле со Руиз и Лозано? Дали Елмас беше грешка? Тој е дете и го доведувате на позиција каде ги имате Руиз и Зјелински. Македонскиот фудбалер прво треба да игра за клубови како Сасуоло, Џенова или Сампдорија. Анчелоти имаше некоја визија, но не му успеа. Едноставно сакаше да направи нешто што не можеше. Имаше некоја идеја играчите во Наполи да играат на различна позиција, но тоа се покажа како невозможно“, искоментира Феделе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се „тресе“ Франција: Ѕвезда на ПСЖ се соочува со 15 години затвор поради напад врз девојка?!

Главната вест која денес го шокираше француското спортско општество никого не остави рамно…