И Македониај Ѓорче Петров како поголемиот дел од македонските клубови подготовките ќе ги помине во Турција.
„Лавовите“ ги објавија термините и противниците за пријателските натпревари, ќе одиграат пет натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот натпревар ќе го играат на 24. јануари против тимот на Александрија, четири дена подоцна против Черно Море од Бугарија. Третата контролка е закажана за на 1. февруари против уште еден бугарски тим, Пирин Благоевград, ден подоцна ќе се сретнат со Тузла Сити од БиХ. Последниот натпревар ќе биде и со најзвучното име од овие клубови, тимот на Шахтјор Доњес кој е украински шампион и редовен учесник во Лигата на шампионите.