Младиот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели оваа сезона ги воодушеви сите со своите настапи за „топџиите“ и веднаш покажа дека станува збор за еден од најголемите светски таленти.
Овој 18-годишен талент важи за голема надеж на бразилскиот фудбал, но се уште не добил повик од бразилската репрезентација.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Мартинели признава дека тоа е негов сон, но не ја исклучува можноста да заигра за Италија.
„Бразилец сум и нормално дека мојот сон е да играм за Бразил, но не сум добил никаков повик од Бразил. Имам италијански пасош и можам да играм за „аѕурите“. Се уште не сум одлучил“, изјави Мартинели.
Талентираниот напаѓач минатото лесто пристигна во Арсенал и засега шанса во главно добива од клупата, но веќе запиша 19 настапи.