Дома Фудбал Азар: Реал му нареди на Маријано да ми ја даде седмицата

Азар: Реал му нареди на Маријано да ми ја даде седмицата

Еден Азар минатото лето пристигна во Реал Мадрид како големо засилување.

Сепак, засега Белгиецот не игра на нивото на кое беше во Челзи, дојде и повредата која го одвои од терените во моментите кога започна да ја крева формата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал многу направи да го доведе Азар, интересна беше и ситуацијата со бројот седум кој Белгиецот го сакаше по доаѓањето.

Тој број веќе беше во сопственостна Мариано Диаз, но клубот буквално го натерал овој играч да се откаже од „седмицата“ и да му ја даде на Азар.

„Во Челзи едно време носев 17. Тој број беше опција и во Реал, но Лукас Васкез го носеше. Слободен беше бројот 16, меѓуто него не го сакав. Се одлучив за бројот 50, но потоа ми кажаа дека во Ла Лига не можам да изберам поголем број од 25. На крајот клуб му нареди на Маријано да му ја даде седмицата“, изјави Азар.

Засега Азар не ги оправда очекувањата бидејќи на 13 натпревари постигна еден гол и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш ги надмина Роналдо и Бекам

Во натпреварот против Тотенхем, изведбата на Бруно Фернандеш повторно беше извонредна, а с…