Тренерот на Арсенал, Микел Артета потврди дека клубот ќе биде без една од првите sвезди на следните три натпревари.
Обамејанг доби црвен картон во натпревар против Кристал Палас, а жалбата на Арсенал да не добие подолга суспензија беше одбиена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На вчерашната прес-конференција, Артета откри дека Обамејанг е суспендиран на три натпревари.
„Потврдено е дека тој ќе биде суспендиран на три натпревари, така што нема да можеме да сметаме на него“.
„Голема штета. Тоа е голема загуба посебно што знаеме дека немаше намера тоа да го направи. Но, погреши со стартот, одлука е донесена и мора да ја почитуваме.“ – изјави Артета.
Тој додаде дека Обамејанг е најважниот играч во тимот и дека ова се навистина лоши вести за него.
Габонецот ќе ги пропушти натпреварите против Шефилд Јунајтед и Челси во Премиер лигата, и дуелот во ФА Купот против Борнмут.