Дома Трансфер зона Падна договор: Рома и Интер денес прават трампа!

Падна договор: Рома и Интер денес прават трампа!

Рома и Интер изминатата вечер постигнале договор за размена на Матео Политано и Леонардо Спинацола.

Миланскиот и римскиот клуб се договорија дека двајцата играчи имаат иста вредност, помеѓу 25 и 28 милиони евра. Разликата ќе биде во платите. Политано во Рома ќе заработува околу два милиони евра по сезоната, додека Спинацола во Интер ќе добие плата од 2.7 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двјацата играчи денес ќе ги поминат лекарските прегледи после што ќе следи потпис на договорот.

Рома некое време се интересираше за Политано, но откако Заниоло се повреди и ја заврши сезоната „волчицата“ ги забрза преговорите и го доведе офанзивниот Политано. Од друга страна на Интер му беше потребен страничен играч од типот на Спинацола.

Инаку, Спинацола минатата сезона беше играч на Јувентус, сепак тоа очигледно не му пречело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…