Македонија денес загуби од Австрија и го заврши настапот на Европското првенство уште во првата фаза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот Данило Брестовац причината за поразот ја бара во промашените зицери.
„Не можам да поверувам колку зицери промашивме. Патот за силна репрезентација е долг, дали без мене или со мене не знам. Денес виновен беше нападот, не реализиравме ситуации шест на пет, на 2-3 пати се вративме, но тие заслужено си победија. Нас ни останува, да им дадеме поддршка на младите. Верувам дека овие момци ќе се вратат посилни“.