Дома Фудбал Ливерпил бил спремен да го продаде Шаќири на Рома, но последниот збор го дал Клоп

Ливерпил бил спремен да го продаде Шаќири на Рома, но последниот збор го дал Клоп

Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири во досегашниот дел од сезоната не се изнаигра во дресот на Ливерпул.

Овој 28-годишен офанзивен играч одигра само 174 минути игра во Премиер лигата за „Црвените“ и успеа да постигне еден гол. Но, јасно е дека покрај Мане и Салах, нема толку многу простор за него во стартната постава на клубот од „Енфилд“.

Поради ова, се поголеми се шпекулациите дека Шаќири ќе ги напушти „Црвените“ уште во јануари, но Јирген Клоп не сака да го пушти пред крајот на сезоната, што го покажа вчера.

Имено, англиските медиуми објавија дека Рома испратила официјална понуда до Шаќири, но дека Ливерпул ја одбил откако Клоп изјавил дека Швајцарецот едноставно не е на продажба. Наводно, челниците на клубот биле заинтересирани да го продадат, но се чини дека Клоп го има последниот збор за ова прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…