Селекторот на Англија, Герет Саутгејт не планира да испрати повик за голгетерот на Лестер, Жејми Варди за престојното Европско првенство, тврдат медиумите на Островот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа е изненадување бидејќи Варди е во исклучителна форма и во моментов е најдобар стрелец во Премиер лигата со 18 гола. Вистина е дека Англичанецот се откажа од репрезентативната кариера уште пред Мундијалот, но Саутгејт изјави дека вратата за него е отворена.
Во последно време се појавија информации дека Варди ќе биде вклучен во составот, но Саутгејт има други планови. Со сигурност прв избор на таа позиција е Хари Кејн, а Тами Абрахам и Рашфорд исто така се сигурни во тимот.
Калум Вилсон, Дани Ингс и Доминик Калврт исто така имаат шанса да се најдат во тимот кој ќе патува на Европското првенство.