Првата сензација на Европското првенство се случи вчера – Франција не ја помина првата фаза!
После поразот од Португалија во првото коло, Франција не успеа да се врати во живот и вчера претрпе пораз од Норвешка со 26:28 и така остана без шанса да се пласира во следната фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е навистина големо разочарување и за репрезентацијата која имаше шампионски амбиции. Французите имаа водство од 15:14 на полувремето, потоа водеа и со 18:15, но во продолжение ја изгубија предноста.
Сагосен беше најдобар кај Норвешка со шест гола, додека кај Франција Фабрегас постигна шест гола.