Дома Трансфер зона Арсенал тргнува по ѕвездата на Милан

Арсенал тргнува по ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за играчот на Милан и турски репрезентативец, Хакан Чалханоглу, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот играч за врска е голема желба на тренерот Артета и „топџиите“ ќе се обидат да го донесат до крајот на месецот.

Чалханоглу игра променливо оваа сезона и Милан е спремен да го продаде, но само доколку пристигне адекватна понуда.

Арсенал првично сака да го донесе Турчинот на позајмица со право на откуп, но „росонерите“ категорично ја отфрлиле таквата опција.

Чалханоглу нема ништо против да се пресели во Премиер лигата, па останува да видиме далки Арсенал ќе испрати адекватна понуда до крајот на зимскиот преоден рок.

Чалханоглу има договор со Милан до 2021 година, а оваа сезона во Серија А на 17 меча постигна два гола и запиша 1 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…