Дома Фудбал Англија Мурињо: Јас уште пред три месеци кажав дека Ливерпул ќе биде шампион!

Мурињо: Јас уште пред три месеци кажав дека Ливерпул ќе биде шампион!

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо се пошегува дека во моментов само двајца луѓе веруваат дека „спарси“ моѓат да го победат лидерот Ливерпул.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тотенхем го пречекува Ливерпул на својот стадион, а при победа „црвените“ ќе постигнат рекорд за најдобар старт во историјата на 5-те најсилни лиги во Европа.

„Кога работев за „Скај“ кажав дека Ливерпул ќе биде шампион, а тоа беше пред три месеци. За мене тоа не е изненадување, тие се најдобриот тим во лигата. Ова е голем меч и би претпочитал да играм против нив со најдобриот тим кој го имам, но за жал нема да биде така. Во оваа сала веројатно само двајца луѓе веруваме дека може да победеме (Мурињо го прегрна пиарот на Тотенхем). Вие што не верувате може да излезете“, се насмеа Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета објави две одлични вести пред реваншот со Атлетико Мадрид

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, денес потврди дека ќе може да смета на двајца опоравени…