Дома Трансфер зона Англичаните тврдат: Милан го продал Пјонтек, познати се деталите!

Англичаните тврдат: Милан го продал Пјонтек, познати се деталите!

Како што пренесуваат англиските медиуми, Милан го продал полскиот напаѓач Криштоф Пјонтек.

„Росонерите“ во јануарскиот преоден рок го ангажираа Златан Ибрахимовиќ, а медиумите во Италија шпекулираа и дека се пред договор со напаѓачот на Интер, Матео Политано. Во таква ситуација јасно е дека за Пјонтек нема место.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Интерес за Пјонтек покажа Тотенхем откако се повреди Хари Кејн. Милан и Тотенхем брзо се договориле и се тврди дека Пјонтек ќе се пресели кај Мурињо за 28 милиони евра. Според информациите во наредните 48 часа тој би требало да ги помине медицинските прегледи.

Освен 28 милиони колку што изнесува оштетата, Милан може да добие и дополнителни 4.7 милиони преку разни бонуси така трансферот би достигнал вредност од 32 милиони евра. Милан минатиот јануари за Пјонтек плати 35 милиони евра.

Од доаѓањето во Милан Пјонтек постигна 15 голови на 39 натпревари, играше одлично кога дојде во Милан, но сезонава прикажува слаби настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…