Лошите вести денес добија потврда, Велко Маркоски и дефинитивно ќе го пропушти Европското првенство.
Маркоски заработи повреда во пријателскиот натпреварот против Словенија. Селекторот Брестовац беше оптмист и по првите лоши прогнози порача дека е спремен да го чека Маркоски до последен момент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најновите информации не се добри. Од Ракометната Федерација на Македонија попладнево соопштија дека после прегледот кај доктор специјалист, Маркоски добил препрока за рехабилитација од две до три недели.
РФМ во соопштението на крајот му порача и брзо опоравуваање на Маркоски. Ќе потсетиме Македонија првиот натпревар го игра на 10. јануари против Украина во 20:30 часот.
Комплетниот распоред за првата фаза можете да го погледнете – тука.