Дома Топ вести Реал спреми понуда за Погба која не се одбива

Реал спреми понуда за Погба која не се одбива

Зинедин Зидан е спремен на се за да го доведе својот сонародник на „Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот по секоја цена сака да го види Погба во својот тим и тоа во зимскиот преоден рок. Одолеваше Манчестер Јунајтед во текот на летото на понудите, па Реал остана без својата мета.

Меѓутоа медиумите најавуваат дека Реал нема да се откаже од Французинот, иако не е спремен да плати 160 милиони евра колку што бараат „црвените ѓаволи“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ спремиле нова понуда и се спремни на „Олд Трафорд“ да го испратат  Герет Бејл или Иско, плус пари за Французинот.

Јунајтед нема лесно да се откаже од Погба, но оваа понуда е прифатлива за англискиот клуб бидејќи Солскјер ќе добие офанзивен фудбалер каков што сака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…