Дома Трансфер зона Мурињо почна преговори со ѕвездата на Тотенхем

Мурињо почна преговори со ѕвездата на Тотенхем

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем започнал преговори со Атлетико Мадрид за крилниот фудбалер Томас Лемар.

Французинот нема добра сезона и ретко добива шанса кај Симеоне, па е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мурињо сака да ја искористи таквата шанса и да го донесе во својот тим, бидејќи Лемар може да игра на повеќе позиции во нападот.

Тотенхем не сака да прави големи трошоци во зимскиот преоден рок, па „спарси“ на Атлетико му нудат платена позајмица до крајот на сезоната со право на откуп следното лето.

Лемар пристигна во Атлетико во 2018 година за 60 милиони евра, но сегашната негова вредност е двојно помала. Тотенхем ќе инсистира на овој трансфер доколку повредата на Хари Кејн се покаже сериозна, па Сон ќе мора да игра како централен напаѓач.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…