Николас Херанц е поранешен играч на Вардар, тој во црвено-црниот дрес не покажа кој знае што, но за крај на годината тој го „изрекламира“ Вардар пред – Лионел Меси!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Херанц се најде во иста теретана со еден од најдобрите фудбалери во историјата, па ја искористи таа прилика да се фотографира со него. Меѓутоа она што е за нас посебно интересно тоа го направи во маица со амблем на Вардар.
„Убав начин да се заврши годината напиша фудбалерот под фотографијата“.
