Дома Трансфер зона Лаказет отворено: Доста беше, заминувам!

Лаказет отворено: Доста беше, заминувам!

Ѕвездата на Лион, Александре Лаказет ова лето конечно ќе го напушти својот клуб, а ако им се верува на медиумите од следната сезона ќе игра во Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лаказет и самиот јавно потврди дека на крајот на сезоната го напушта Лион.

„Мислам дека ова е вистинското време да заминам. Сакам да истражам нешто ново, да го подигнам нивото на игра и да се ставам себе си пред голем притисок. Знам многу добро како се котирам во европски рамки и можам да напредувам“, истакна Лаказет.

Француските медиуми тврдат дека Атлетико Мадрид ја победил конкуренцијата и за неговиот потпис ќе плати приближно 60 милиони евра.

„Атлетико е одличен тим. Клубот е веќе со години во завршницата од Лигата на шампиони. Јас самиот себе си ја одредувам судбината, покрај другото таму е и мојот пријател Антоан Гризман“, изјави Лаказет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…