Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, според изборот на новинарските агенции, е прогласен за најдобар спортист во Европа на 62. избор кој го организираше полската новинарска агенција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во гласањето, Хамилтон беше подобар од тенисерот Рафаел Надал кој имаше 11 бодови помалку и скијачот Марсел Хиршер кој имаше 75 бодови заостанување.
Минатогодишниот освојувач на наградата Новак Ѓоковиќ овој пат заврши на четвртото место, а потоа следат Вирџил Ван Дајк и Марк Маркез.
Во првите 20 се и Лука Дончиќ (16 позиција) и Кристиано Роналдо (18 место).