Борусија Дортмуд вчера потврди дека младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд е нов фудбалер на клубот.
Халанд ја воодушеви фудбалската јавност во дресот на Ред Бул Салзбург, а по фантастичниот прв дел од сезоната реши да ја промени средината и да потпише за Дортмунд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, неговото доаѓање веројатно значи дека еден од офанзивните играчи на овој тим ќе го напушти клубот. Германските медиуми шпекулираат дека најверојатно ќе биде Јадон Санчо, кој има силна желба да се врати во Англија.
Наводно, најголем интерес за Санчо покажал Манчестер Јунајтед, кој е подготвен да ја заврши работата во јануари. Според угледниот „Олд Трафорд Билд“, тие се подготвени да понудат околу 100 милиони евра за овој 19-годишен фудбалер, а Дортмунд би требало да го прифати.
Ако германскиот клуб реши да го продаде Санчо, тогаш ќе заработи огромни пари. Имено, тие пред две години на Англичаните платија само осум милиони евра, што значи дека од неговата продажба треба да заработат над 90 милиони евра.
Санчо е решен да се врати во Премиер лигата што е можно поскоро и нема проблем тоа да биде Манчестер Јунајтед, иако како млад играше во дресот на градскиот ривал Сити.