Дома Трансфер зона „Воинот“ на Јуве доби понуда, навивачите не сакаат ниту да слушнат!

„Воинот“ на Јуве доби понуда, навивачите не сакаат ниту да слушнат!

Фановиоте на италијански Јувентус, сметаат дека клубот мора да направи се за да го задржи Марио Манџукиќ во своите редови.

Во сенка звучните засилувања, Марио израсна во херој на Јувентус. На домашен терен тој е неприкосновен идол на „бјанконерите“, пред се поради својата борбеност и жртвувањето за тимот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Оваа сезона Алегри го користи за страничните позиции, а многумина сметаат дека токму тоа е еден од клучните потези за Италијанецот за фантастичната сезона на Јувентус.

Бешикташ му нуди огромна сума на пари, но навивачите сметаат дека Јувентус мора да парира на таа понуда и да го задржи Хрватот. Манџукиќ има договор до 2019 година, а прашање е дали би сакал да игра крилната позиција до тогаш, бидејќи во нападот покрај Игуаин тешко дека ќе добие шанса. Сето тоа ги компликува работите, но останува да видиме што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…