Дома Останати Кошарка НБА Додека Дончиќ изведуваше аут доби изненадување од Коби Брајант (ВИДЕО)

Додека Дончиќ изведуваше аут доби изненадување од Коби Брајант (ВИДЕО)

Тимот на Далас вчера запиша пораз против ЛА Лејкерси со 109:95.

Кошаркарите на Далас не одиграа натпревар за паметење и не успеаа да влезат во ритам. Лејкерси тоа го искористија и полесно од очекуваното стигнаа до победата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Интересна сцена на натпреварот се случи во третата четвртина кога во центарот на вниманието беа Лука Дончиќ и Коби Брајант.

Додека Дончиќ изведуваше аут слушна дека некој нешто му дофрлува, а кога се сврти сфати дека тоа е Коби Брајант. После натпреварот Лука изненади со изјавата дека Коби му зборувал на словенски јазик.

„Зборуваш на словенски јазик. Си помислив: Кој тука зборува мојот јазик? Се свртев, го видов Коби и бев изненаден“, изјави Дончиќ после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…