Вчера како бомба одекна веста за враќањето на Златан Ибрахимовиќ во редовите на Милан.
Швеѓанецот официјално ќе стане фудбалер на Милан во првиот ден од 2020 година, а на „Сан Сиро“ пристигнува како слободен играч откако му заврши договорот со Лос Анџелес Галакси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред заминувањето за САД Ибрахимовиќ го носеше дресот на Манчестер Јунајтед две сезони. За Јунајтед последниот натпревар го одигра на 26.12.2017 година кога „црвените ѓаволи“ одиграа 2:2 против Барнли.
Во МЛС лигата Златан го докажа својот квалитет и постигна 53 гола на 58 натпревари. Во последните 12 настапи за Галакси постигна 15 гола што учинок за воодушевување.
Дресот на Милан Ибрахимовиќ го носеше од 2010 до 2012 година и за тој период освои една титула шампион на Италија и еден трофеј во италијанскиот Суперкуп.