Oткако се појави информацијата дека Артуро Видал ја тужел Барселона се огласи и самиот Чилеанец.
Ситуацијата на Видал во Барселона е прилично сложена, а тој ги тужел Каталонците поради неисплатени бонуси. Наводно станува збор за сума од 2.4 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, многумина веруваат дека парите не се проблем и дека Видал го прави ова за да издејствува трансфер во јануари.
Видал јавно порача дека според него не е фер она што му го прави Барселона.
„Мислам дека не е фер клубот да не одговара на моите финансиски барања. Јас не сум одговорен за тоа, мојот менаџер и моите адвокати се грижат за таа работа“, изјави Видал.
Чилеанецот доби и прашање за потенцијалниот трансфер.
„Тоа е тема за која ќе зборувам кога ќе се вратам во Шпанија. Сега сум на одмор“, одговори Видал.