Дома Фудбал Англија Се откажа ли Гвардиола веќе од титулата во Премиер лигата?

Се откажа ли Гвардиола веќе од титулата во Премиер лигата?

Манчестер Сити вчера беше поразен со резултат 3:2. Вулверхемптон со пресврт стигна до трите бода и сега Сити остана -14 бода во однос на Ливерпул, а освен тоа „црвените“ имаат и натпревар помалку.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пеп беше запрашан за судењето на натпреварот, поточно за ситуацијата која му претходеше на вториот гол, кога Траоре го турна Менди.

„Ова е Премиер лигата, таквите стартови некогаш се санкционираат некогаш не“, изјави тренерот на Сити.

Може ли Сити да го стигне Ливерпул?

„Мораме да мислиме на следните натпревари. Не е реално да размислуваме за тоа“, изјави Гвардиола и според многумина на Островот призна дека трката за титулата е завршена.

Исто така Гвардиола порача дека Сити нема да се засилува во текот на зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Судбината повеќе не е во наши раце

На стадионот Хил Дикинсон, МАНЧЕСТЕР СИТИ и ЕВЕРТОН одиграа нерешено 3:3 во рамки на 35. к…