Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Вест Хем облечен како дедо мраз излета со своето Ламбурџини од 250.000 евра (ВИДЕО)

Ѕвездата на Вест Хем облечен како дедо мраз излета со своето Ламбурџини од 250.000 евра (ВИДЕО)

Ѕвездата на Вест Хем, Мичел Антонио нема по добро да го памети овој Божиќ затоа што излета со своето Ламбурџини вредно 250.000 евра.

Крилниот фудбалер тргна во клупскиот хотел пред натпреварот на Вест Хем на „Боксинг деј“ против Кристал Палас, но во таа прилика изгуби контрола над неговиот скапоцен автомобил, удри во собраќајниот знак, излета од улицата и влезе во дворот на една куќа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Случајните минувачи беа изненадени кога од автомобилот излезе ѕвездата на Вест Хем и тоа облечен како дедо мраз.

После инцидентот во јавноста зборуваше сопственичката на куќата во чиј двор заврши фудбалерот.

„Викаше на некој на мобилен. Се лутеше на тоа што му го зборуваше некој од другата страна, му викаше дека е глупав. Не изгледаше добро, се плашев дека можеби е повеќе повреден, но сепак се е во ред“, изјави сопственичката на куќата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…