Милан игра лошо од почетокот на сезоната, па јасно дека „росонерите“ ќе бидат активни на трансфер пазарот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми попладнево објавија дека се е спремно за враќањето на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“, но тоа нема да биде единственото засилување за „росонерите“.
Имено, миланскиот клуб сака да го засили средниот ред и е во напредни преговори со египетскиот репрезентативец Мохамед Елнени.
Елнени е играч на Арсенал, но оваа сезона настапува како позајмен фудбалер во Бешикташ, а неговиот агент потврди дека е пред трансфер во Милан.
„Преговорите помеѓу Елнени и Милан се во напредна фаза, но договорот се уште не е потпишан. Верувам дека во најскоро време ќе биде играч на Милан. Мохамед игра одлично во Бешикташ, но сака да игра во поголем клуб и во посилно првенство“, потврди агентот на Елнени.