Дома Фудбал Англија Кејн и Деле Али со мајсторски гол режираа пресврт на Тотенхем против Брајтон (ВИДЕО)

Кејн и Деле Али со мајсторски гол режираа пресврт на Тотенхем против Брајтон (ВИДЕО)

Програмата на „Боксинг деј“ во Премиер лигата се отвори со натпреварот помеѓу Тотенхем и Брајтон.

Избраниците на Жозе Мурињо денес го победија Брајтон со пресврт откако губеа на полувремето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На стартот овој натпревар не понуду многу, првиот удар во рамките од голот Тотенхем го имаше дури после половина час игра кога голот на Хари Кејн беше поништен поради милиметарски офсајд во кој беше поради рамото.

Неколку минути по овој поништен гол Брајтон стигна до предност. После едно нафрлување од слободен удар Вебстер беше највисок во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата.

На полувремето Брајтон замина со минимална предност.

До изедначување Тотенхем стигна после осум минути игра во второто полувреме. Кејн ја погоди мрежата, откако првиот удар го одбрани Рајан.

За целосен пресврт се погрижи Деле Али кој го совлада Рајан со еден убав гол во 72. минута од натпреварот.

Со овој триумф Тотенхем едојде на петтата позиција, но ќе остане само ако Шефилд и Вулвс не победат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Генијално додавањена Крос,Реал води во Минхен🎥

Реал Мадрид прв доаѓа во водство во полуфиналниот дуел со  Баерн Минхен по дваесетинаминут…